Османи: Доставив документи до СЈО кои ќе значат пресврт во истрагата

„Јас ја собрав документација која докажува дека нема индиции за незаконско работење туку дека се работело според прописите. Оваа документација е испратена до СЈО и сите документи и материјали што ќе ги побараат ќе ги доставам. Се надевам дека ова ќе фрли ново светло и ќе направи пресврт во истрагата. Владеењето на правото е основен принцип на кој сум посветен откако го водам СЕП и сега како преговарач со ЕУ. Тоа сакам да продолжам да го правам со ист жар како и досега. СЈО е клучна институција и мора да ја задржи својата неутралност и професионалност во што верувам. Нема обвинение и нема основа за тоа. Објавувањето на моето име е голем предизвик и не е дел од презумпцијата на невиност која сакам да ја заштитам“, кажа Османи. 
Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ