
Османи: Да се издвои администрацијата која работи на ИПА фондовите
Секретаријатот за европски прашања бара административците кои работат на ИПА фондовите со закон да се издвојат од останатите нивни колеги. Високиот степен на стручнот која ја поседуваат е причината поради која голем дел од нив одлучуваат да ја напуштат работата во државните институции во замена на нова и многу повеќе платена во некоја од консултантските компании. Според вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи потребно е за овој кадар да се утврдат други коефициенти на плата.
Во стратегијата за проширување, вели Османи , како резултат на лобирањето за прв пат се споменува здравството како таргет за добивање средства и преку ИПА фондовите но и воопшто од ЕУ. Средства се предвидени и за образованието и социоекономскиот развој. ЕУ има утврдено дополнителни 500 милиони евра за регионот за имплементација на старетијата , што според проценките значат 15 милиони евра годишно за подршка на реформите. Овој процес, според вицепремиерот владата ќе го спроведува заедно со невладиниот сектор. Од таму неколку пати беше досега посочено дека институционалниот капацитет ќе биде проблем за државата бидејќи години наназад во сите извештаи на ЕК беше нотиран недостигот ан сооодветен административен капацитет за справување не само со процесот на пристапување туку и по пристапувањето.
Според Стојковски главен предизвик ќе биде владеење на правото, и токму на тој дел се посветува најголемо внимание.
Сања Јовановиќ Дамјановска