Осман Шабани: JO нека истражува ние продолжуваме со Лиле Стефанова како обвинителка во „Титаник“

„Титаник“ на СЈО за изборни измами одново ги собра поранешните владини и партиски функционери.

Фокусот овој пат им го одзеде обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова споменувана во разговорите во кои Боки 13 нуди влијание во нејзиниот предмет „Империја“ и зема 1,5 милиони евра од бизнисменот Орце Камчев.

Прв во судницата збор зеде  адвокатот на обвинетата Гордана Јанкуловска, Петар Василев со барање денешното судско соочување да се прекине.

-Поради новонастанатата ситуација во СЈО и се што беше објавено во јавноста, се доволна причина да се одложи денешното рочиште. Немаме намера да ја одоговлекуваме постапката, туку да се даде простор се да се расчисти, рече адвокатот Василевски.

Судијата Осман Шабани без двоумење одговори дека судењето ќе продолжи со Стефанова на обвинителското столче.

-Има надлежен обвинител и тој ќе расчистува што треба да се расчисти. Ние не можеме да упаднеме во нивната надлежност, рече судијата Шабани.

Адвокат Василев се обиде да му дообјасни на Шабани дека мислел на Катица Јанева и оставката, а не на обвинителката од редовите на СЈО, Лиле Стефанова, но Шабани и за вака формулираното барање имаше одговор.

-Оставката е условена, и дека ако биде констатирана тогаш ќе се одлучува како да постапи судот. Кога ќе се случи тигаш јас сам ќе го прекинам судењето, рече судијата Шабани

Во препирките за СЈО во барањето на одбраната, Стефанова остана воздржана и не проговори ништо, а на барање на медиумите, рече дека прво утре ќе сведочи во обвинителството за организиран криминал, а потоа ќе соопшти став за јавноста по објавените аудио разговори во случајот „Рекет“ во кои покрај името на Катица Јанева се споменува и нејзиното име околу предметот „Империја“.

Никој не успеа да ја забележи како влегла во судската зграда, ниту како си замина избегнувајќи ги камерите.  Рочиштето продолжи со изведување на доказите за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, во присуство на обвинетите меѓу кои од домашен притвор беше донесен и ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ