Ослободителна пресуда за петмина обвинети во „Шпион“

Аплауз и по некое тивко кажано “Браво”. Петмина обвинети во предметот Шпион излегоа задоволни од пресудата. Обвинетиот Цветан Дамјановски  за делата злосторничко здужување и уцена се жали пред Врховен но за недозволено држење оружје денеска доби ослободителна. Вели станувало збор за оружје задолжено во 2001.

Овој предмет го презема СЈО во 2016 па од есента повторно беше вратен во надлежност на редовното обвинителство. Обвинителката Елизабета Јосифовска за Телма вели дека ќе ја почека писмено образложената пресуда пред да одлучи, но според досегашната пракса се жалат на ослободителни пресуда.

Судијата Владимир Туфегџиќ  ги анализираше доказите и сведоците и рече дека постапил според напатствата што им ги дал Апелацискиот суд , кој во 2016 делумно ја укина пресудата и за дел од обвинетите имаше повторно судење. Еден сведок кој во судница сведочел дека се чувствува  оштетен, пред нова година испратил нотарски заврена изјава до судот дека не сеч увствува оштетен од овие обвинети, објасни судијата. Судот го истакна како клучно и сведочењето на бизнисменот Минчо Јорданов.

За екс разузнавачот Марјан Ефремов од декември минатата година е раздвоена постапката. Не се појавил на судење а иако одбраната се обврзала, не донеле медицинска документација за да потврдат дека бил отсуден од здравствени причини.

Ефремов не е во затвор. Од судот за телма велат дека од пред една година поради здравствени причини има прекин во издржување на затворската казна за делот за кој пресудата му е потврдена. Побарал продолжување на прекинот, но судија за извршување на санкции  санкции се уште не одлучил.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ