Ослепен рудар при работа три години бара оштета од осигурителна компанија

Пред четири години силната експлозија во рударската јама во „Злетово“ го остави без очи Дејан Златинов. Му требало цели две години за да сфати дека живее во темнина.

Иако неговата повреда нема цена, сепак тој и неговото семејство веќе три години се по судовите. Ова семејство си ги бара парите од осигурителната компанија, која треба вкупно да му исплати еден и пол милион денари. Досега на неговата сметка се исплатени само 20 %. Поранешните газди на рудникот Злетово не ја исплатиле премијата до крај, но отако фирмата оди во стечај  од стечајната маса на осигурителната компанија се наплатени 570.000 денари. Компанијата ги добила парите на сметката на Златинов се уште не се пристигнати дополнителните средства.

Судијата од Основниот суд Скопје 2 не го зел  во предвид известувањето за парите исплатени од стечјаната маса, па донел пресуда во корист на осигурителната компанија, објаснува бранителот, Ванчо Шехтански. Слепиот рудар Златинов сега треба да плати и дополнителни 2.000 евра судски трошоци. Доставена е желба до второстепениот суд во Скопје. Семејството Златинови сметаат дека во овој случај правадата е слепа, но истата  ќе ја побараат и во Стразбур. Маја има 39 години, а по несреќата таа е и маж и жена во куќата.

Поранешниот рудар Дејан Златинов зема инвалидска пензија и додатоци за слепило, има малолетна ќерка, а пред две години неговиот син заминал во странство. Смета дека слепите лица се дискриминирани и тешко доаѓаат до своите права.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ