
Оштетените во автобуската несреќа кај Ласкарци бараат отштета
Со произнесување на оштетените кои не дадоа исказ пред 2 дена, денеска во Кривичниот суд продолжи судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци.
Адвокатите на дел од оштетените, повеќето роднини на починатите патници се изјаснија дека се приклучуваат на кривичниот прогон и сите најавија дека ќе бараат оштета.
За следната расправаза на 31 октомври ќе бидат повикани и останатите оштетени и ќе бидат сослушани и како сведоци за настанот.
За автобуската несреќа што се случи на 13 февруари годинава кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени обвинети се шест лица.
Теодора Цветковска