Оштетени се три бисти на борци од НОБ во градскиот парк во Битола

Непознати стoрители ја обезглавиле  спомен бистата на Стерјо Ѓорѓиевски,  а ги оштетиле постаменитите од бистите на  борците Томаќи Димитровски и Коле Лачето.

Од Сојузот на борците во Битола го осудија овој вандалски чин и случајот го приjaвија во полиција .

Утрово ЈП „Комуналец“ ги  санираше  оштетените бисти, а од боречката организација претпоставуваат дека оштетувањето нема политичка заднина

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ