Орце Камчев под истрага на СЈО?

Специјалното обвинителство отворило предмет за продажба на земјиштето спроти Рамстор, а го истражува и бизнисменот Орце Камчев. Според извори на Телма од државното обвинителство кај нив пристигнало барање од СЈО да им ги предадат предметите поврзани со ова земјиште кои државното претходно ги водело. Од СЈО ниту потврдуваат ниту демантираат дека водат ваква истрага.

Во 2007-ма Министерството за транспорт и врски објави тендер за продажба на оваа парцела од над 4000 метри квадратни на атрактивна локација во центарот за Скопје и тогаш беше кажано дека ќе се бара купувач кој ќе изгради елитен хотел со 5 ѕвезди. Во 2011 година партијата на Обединети за Македонија објави дека власта го продала земјиште на странска фирма поврзана со бизнисменот Камчев.

Медиумите го забележаа Камчев како излегува од зградата на СЈО уште летото 2016, но немаше потврда за кој предмет бил повикан да сведочи.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ