
Оризопроизводителите ќе добијат дополнитени пет денари за килорам предадена арпа
По пет денари за килограм предаден оризова арпа е новата мерка, со која што државата ќе ги мотива оризопроизводителите да го предадат годинашново производство. Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски дополнителната помош за оризопроизводителите ја најави денеска од Штип.
Поради ниската откупна цена оризопроизводителите го чуваат своето производство во амбарите, досега од новата реколта се откупени само 3.000 тони оризова арпа. Но, оризопроизводителите сметаат дека со неа нема да бидат опфатени оние, кои што веќе го предале своето производство.
Оризопроизводителите побараа и Владата да си стои на ветеното за зелената нафта, бидејќи во моментов производството не им се исплаќа.
Во кочанско-виничкиот регион годинава под ориз беа посеани околу 4.000 хектари, од кои се очекуваат род од 17.000 тони оризова арпа.
Викторија Димитрова Јованова