Организацијата на работодавачи бара нов закон за безбедност и заштита при работа

Според државниот инспекторат за труд во Македонија во просек се случуваат 150 тешки повреди при работа месечно, некои од нив и со смртни последици. Најголемиот број повреди при работа се случуваат во земјоделството. Овие бројки ја алармираа организацијата на работодавачи која бара големи измени во постоечкиот закон за безбедност и здравје при работа, но и потреба од нов закон. Тие предлагаат поголема улога да им се даде на стручните лица во компаниите кои имаат положен испит за безбедност и здравје на работа, да се прецизира одговорноста на работодавачот и лицето задолжено за безбедност и здравје при работа, но одговорност да имаат и надворешните констултанти, како и да се зајакне улогата на Националниот совет за безбедност и здравје при работа.

И од  Националниот совет за здравје и безбедност при работа сметаат дека неопходна е промена на постоечкиот закон.  Од превенттивните здравствени прегледи тие заклучиле дека голем број од болестите може да не се директна причина од работата, но се последица.

Постоечкиот закон за безбедност и здравје при работа е донесен во 2007-ма  година, како на надградба на законот  за заштита при работа од поранешна Југославија и до денес има претрпено повеќе измени.

 

Јордан Дуков

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ