
Орче Камечв изутринива кај Русковска на распит
Орце Камчев изутринава се појавил пред шефицата на обвинителството за гонеење на организиран криминал Вилма Русковска. Бил викнат како сведок, без најава ниту информација во медиумите. Така и си заминал, а што кажал останува тајна во истрагата. Тој пријави „рекет“, а ги снимил Боки 13 и Зоки Кичеец како изнесуваат од неговиот дом во скапа чанта еден милион евра. Камчев ототгаш го снема во јавноста ,а до вчера летуваше со јахтата. Пред два дена одново стана прва вест во меидумите откако интернет портал незаконски објави мал дел од неговиот исказ кога ја поднесувал кривичната пријава. Откако, пак, Катица Јанева од обвинителската фотеља се пресели во истражниот затвор, советот на обвинители утре ќе расправа и за одземањето на нејзината функција. Ќе додржи ли ЈАнева до 15 септември кога истекува нејзиниот мандат или советот ќе пресече и ќе отпочне постапка за поставување на вршител на должноста на нејзино место треба да произлезе од утрешната дебата, меѓу обвинителите. Претседатлот на советот Коле Шетрјев одново повтори дека утре ќе застане на страната според која со законот за СЈО не може да се постави вршител на должност.
- Утре ќе почне расправата, на крај ќе видиме дали има елементи за разрешување на Јанева или можеби ќе нема согласност за тоа. Ако одлучиме дека се разрешува, се изготвува Извештај, кој го праќаме до Собранието, изјави за Телма, Штерјев.
Темата во советот е вмешаноста на специјалната обвинителка Катица Јанева во случајот Рекет, А седницата на Советот ќе биде затворена за јавноста, бидејќи материјалите за Јанева се дел од предметот „рекет“ кој се уште е во истрага. Советот може да почне постапка за разрешување на Јанева врз основа на констатација дека Јанева работела незаконито, нестручно и несовесно си ја вршела функцијата. Наспроти Штерјев републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески смета дека во Законот за јавно обвинителство постои опција да се постави вршител на должноста. Јовески се повика на одредбата од Законот за СЈО во која се вели дека за се што не е регулирано со овој закон, се применуваат одредбите од Законот за јавното обвинителство. Извештајот на советот ќе патува до Собранието, а по комисиското разгледување и во согласнсот на четирите партии со најголем број пратеници, Собранието пленарна седница со двотретинско и Бадентерово мнозинство, треба да утврди формален предлог за разрешување на Јанева, кој ќе оди на финално решавање во Советот. Јанева физички не може да ја извршва функцијата од зад решетки откако стана осомничена во „Рекет“ дека ја злоупотребила службената положба. Заедничко на Боки 13, Кичеец и ЈАнева е ОРце Камчев кој, пак, за Јанева беше осомничен во случајот за перење пари „Империја“, но со нејзнин потпис тој излезен од притвор, и доби привремен пасош.
Павле Беловски