
Орбан најави воведување полициски час во Унгарија
Унгарија денеска ќе воведе полициски час, а граѓаните ќе можат да ги напуштаат домовите само поради одење на работа и подмирување на основните потреби, најави унгарскиот ремиерот, Виктор Орбан. Тој најави дека продавниците и аптеките ќе бидат отворени секој ден од девет до 12 часот само за лицата над 65 години, а за другите граѓани нема да биде дозволено купување во тој период.
Орбан наведе и дека од понеделник со сите унгарски болници ќе управуваат така наречени команданти, кои ќе ги именува Владата. Лекарите и понатаму ќе одлучуваат за медицинските прашања, но командантите ќе бидат задолжени да надгледуваат дали се придржуваат до владиние епидемиолошки мерки, посочи Орбан. Тој додаде дека униформираните команданти ќе бидат задолжени за резервите и за управување со персоналот.