Орбан: Без Груевски тешко ќе ги одбраневме унгарските граници

Унгарскиот премиер Виктор Орбан за одобрениот азил на Груевски рече дека без него ќе било потешко да се заштити унгарската граница за тоа Унгарија праведно ги третира соработниците, и истакна дека Груевски е негов соработник исто како и на унгарскиот народ. Орбан во интервју за „Kossuth Radio“, смета дека организациите поврзани со Џорџ Сорос се впуштени во прогонот против Груевски, како и тоа дека го следеле патот на бегалецот.

Орбан вели дека Унгарија е демократија речиси 30 години, и не е првпат да прима важни луѓе, но со случај како Груевски немаат искуство, бидејќи претходните случаи не кренале толку „прашина“. Сепак, вели дека станува збор за лидер на една блиска земја која е клучна за миграцијата во однос на Унгарија.

За доделениот азил, Орбан вели дека не станува збор за никакво беззаконие, туку за еден правичен процес. Тој нагласува дека постапката не била спроведена од страна на унгарската влада, бидејќи сметал дека владата е подобро да стои подалеку од тоа прашање. На прашањето дали унгарските дипломати му помагале на Груевски во бегството и неговото доаѓање во Унгарија, Орбан не сака да коментира, освен што вели дека „сите криминалци имаат своја возбудлива историја“.

За македонското судство, и за тоа дека Груевски немал правично судење, Орбан вели дека постојат комплицирани правни битки, и неговата е дел од нив.

За барањето за екстрадиција на Груевски од македонските власти, Орбан вели дека Унгарија ќе го испитаат и ќе одговорат.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ