Оптшината плати дел од долгот- десетте битолски училишта добија струја

Два дена пред почетокот на учебната година, вклучена е струјата во десетте битолски училишта кои ЕВН  ги исклучи пред еден месец поради неплатени сметки во вкупен износ од 8 милиони денари. Општина Битола подмири  поголем дел од долгот   на  8 основни и  2 средни школи, кои  од 2012 година имаат блокирани сметки и не можат редовно да ги плаќаат обврските. Остатокот е договорено  да се плаќа на рати.

-Од месец јули досега со макотрпни напори успеавме училиштата  да ги одблокираме за краток период, како би имале законска можност заостанатиот долг во најголе дел го подмириме, а со одредена динамика на исплата на помлку заостанатиот дел, ни се овозможи електричаната енергија во училиштата да биде пуштена, изјави градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.

Инаку, вкупниот долг на битолското образование изнесува 4,5 милиони евра. Училиштата, покрај долговите за струја, должат за училишен превоз и кон други добавувачи,  а некои 10 години не платиле за вода и други комуналии. По исплатата на дел од долгот  кон ЕВН, на 10 училишта сметките повторно им се блокирани, а Петровска вели дека се бара начин за решавање на овој наследен проблем, за што очекува да се вклучи и централната власт.

Емилија Мисирлиевски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ