Оптимизам кај партиите за новиот закон за ЈО

Работните групи и денеска во Собранието седнаа на заедничка маса за законот за Јавно обвинителство. Оптимисти се дека е можно во понеделник да постигнат компромис за сите отворени прашања. Согласни се дека сите предмети кои ги отпочна СЈО треба да се процесиуираат и да има судски епилог. На средбата не се разговарало за евентуални предвремени избори ниту пак за пазар за законот. Се разгледувале само поднесените амандмани.

ВМРО ДПМНЕ бара подршка за 10 амандмани. Со нив се регулира изборот на шеф на Обвинителството, статусот на помошниците обвинители на Јанева како и тоа дали Републичкиот јавен обвинител треба да одлучува за предметите кои се во судска постапка.

Комисијата за еворпски прашања вчера едногласно прифати 10 амандмани кои беа од техничка природа. Остануваат уште 41 за договор. Доколку партиите се договорат законот ќе биде ставен на пленарна седница наредната недела заедно со измените на Законот за Совет на јавни обвинители.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ