
Општините за три месеци треба да одлучат како ќе ја спроведуваат гасификацијата
Општините до јуни треба да одлучат дали самите ќе ги градат секундарните гасификациони мрежи или гасификацијата ќе ја реализираат по пат јавно –приватно партнерство. Оваа одлука треба да ја донесат за три месеци и да им ја соопштат и на Владата. Штип на кого најблиску му е главната цевка од гасоводот Клечовци-Штип-Неготино во овој дел предничи пред останатите општини. Има идеиен, а се прави и главниот проект за изградбата на мрежа од над 20 километри, во која ќе бидат опфатени пред се индустриските објекти и институциите.
Штипскиот бизнис сектор се изјасни дека своите капацитети сакаат да бидат приклучени на секундарната гасификациона мрежа, со што нивното производство ќе има и помали трошоци. Но, техничките документации треба да покажат колку ќе чини изградбата ан секундарната мрежа, по што треба да одлучат дали ќе се задолжат со кредит или со приватен партнер, за што Владата ќе формира и посебна комисија за спроведување на постапката за јавно-приватно партнерство.
Викторија Јованова