Општините за новогодишното украсување потрошиле 675.000 евра

Рекордни 675 000 евра оваа година се потрошени за новогодишно украсување. Град Скопје и уште 20 општини во Македонија дале 60 илјади евра повеќе од лани , кога за новогодишни декорации вкупно искеширале 615 илјади евра. Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации покажува и дека годинава шест општини се откажале од украсување за дочекотот на Новата година. Сепак сумата е повисока за  10% од минатата година.

Според податоците, дури најголеме дел од парите за украсување на улиците и плоштадите за дочекот завршувиле кај две скопски фирми, „Линк Медиа Плус“ и „Метал-Ват“  Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации вели причина за ова може да е задоцнетото објавување на тендерите.

Град Скопје и годинава е рекордер и за новогодишно украсување дале 285 000 евра , а на последно место меѓу скопските општини е Гази Баба со тендер вреден околу 16.000 евра.

 

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ