Општините и министерството за економија повторно со субвенции за печки на пелети

По принципот “прв дојден прв услужен” државата и годинава ќе субвенционира печки на пелети.

Тоа значи дека секој кој ќе купи печка, со приложена фискалната сметка ќе добие дел од парите назад.

Граѓаните со поделени ставови, некои од нив би земале печка, а други сметаат дека помошта што ја дава државата е мала.

Општина Аеродром на својата Фејсбук страница објави јавен оглас за субвенционирање на печки на пелети, а оглас со документ за аплицирање има и министерството за економија.

Првиот човек на ресорното министерството Крешник Бектеши вели дека годинава се издвоени повеќе пари за оваа мерка.

Минатата година до адресата на министерството за економија пристигнале 2000 апликации, а субвенции за печка на пелети добиле околу 650 луѓе.

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ