
Како општините да повлекуваат повеќе средства од ИПАРД?
Патот до европските пари не е лесен бидејки процедурите се комплексни и бирократски комплицирани. Словенечките искуства покажуваат дека за нивна поголема искористеност во земјоделието неопходно е знаење, пренос на искуства, но и конкретна помош од државата а во тој процес според словенечкиот амабсадор во македонија Милан Јазбец треба да се вклучат и општините.
„Важно е општините да се насочат кон повлекување на ИПАРД средства бидејќи програмата овозможува реализирање на голем број мали проекти од 10 000, 20 000 до 50000 евра.Има доста средства во Македонија и тие досега беа претежно неискористени што е штета бидејќи тоа е најконкретен начин како конкретно да им се помогне на луѓето на терен“ кажа Милан Јазбец – амбасадор на Словенија во Република Македонија.
На македонскиот аграр според првиот човек на платежната агенција му е неопходно модернизирање кое ќе се одвида паралелно со прилагодувањето кон европската регулатива. Затоа е најдобро земјата да се фокусира на правење квалитетен и конкурентен производ кој ќе и овозможи на преработувачката индустрија да повлече повеќе пари.
„Интересот е голем а тоа го потврдува и бројот на апликации кој достигна 1.648 апликации на првиот повик покажа дека интересот и кај земјоделците и кај преработувачката индустрија е навистина голем. Ќе направиме се за максимално да ги искористиме средствата од ЕУ“ кажа Никола Бабовски – директор на Платежна агенција.
Досега за ИПАРД 2 програмата се потпишани над 100 договори и тоа најмногу во преработувачката индустрија и за обнова на змејоделската механизација. До 2020 год, Македонија на располагање има вкупно 80 мил евра за земјоделството од кои 60 мил се европски пари а 20 мил се домашна поддршка. Досега искористеноста на ИПАРД средствата беше 17 % а причината се лоцира во неинформираност, слаба екипираност и едукација на земјоделците.
Виолета З Стојановска