Општина Центар не сака да се откаже од мораториумот за нови градби (видео)

Во Општина Центар се разочарани од одлуката на Уставен суд да им го укине мораториумот. Забраната за нови градби ќе продолжи да важи се до моментот кога во нивните канцеларии ќе го донесат документот со кој официјално ќе бидат известени дека Уставен суд ја укинува одлуката на Општината.

Советот на Центар нема право повторно да изгласа мораториум, но се консултираат со адвокати како да постапат откако ќе го добијат официјалното известување.

Градоначалникот Саша Богдановиќ апелира до Уставен во наредните 30 дена да ја преиспитаат одлуката.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ