Општина Центар ќе располага со предметите и земјиштетото во сопственост на државата

На местото на кое некогаш била куќата на Мајка Тереза, на кое во 80 –тите години на минатиот век биле засадени 3 дрвја, минатата власт сакаше да гради Шпанските скали. На таа парцела, во февруари 2012 година во ДУП-от Мал Ринг , се вцртани скалите. Според градоначалникот на Општина Центар, во 2013 година, земјиштетот кое било во сопственост на државата било отуѓено во корист на компанијата Амадеум Девелопмент, за изградба на објект со комерцијални и деловни содржини, рече Богдановиќ.

Во февруари 2018 година, ОПштина Центар го поништи одобрението за Шпанските скали бидејќи не се започна со градење во рок од 2 години. Со тоа успеавме да го спасиме тој дел од градот, но и со обвинението кое беше покренато пред извесно време, да покажеме дека до крајот ќе ја истераме борбата за да успееме да го вратиме тоа земјиште,

изјави Богдановиќ.

Богдановиќ кажа и за предметот на компанијата Графички Центар. Таа и покрај предупредувањето од Конзерваторскиот центар дека на парцелата во ДУП-от Тетовска трошарина, има подземни муслимански некрополи и дека треба да се направат сондажни испитувања, кон крајот на 2013 година го отуѓила земјиштетот за да гради објект со културни содржини, без да направи испитувања, рече градоначаникот.

Во периодот од месец октомври 2014 до февруари 2017 година, воопшто не е почнато со издавање одобрение за градба, баш заради тој процес, бидејќи како што се вршеле истражувањата, се наоѓале коски и други остатоци,

рече Богдановиќ.

Општина Центар до ОЈО за организиран криминал и корупција и до МВР, доставила извештај за сите 28 предмети, за кои законски е должна да ги следи и да покрене истраги, дополни градоначалникот.

Сотир Трајков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ