
Општина Центар ја стопираше изградбата на „Шпанските скали“
Шпанските скали на Плоштад Македонија сепак нема да се градат. Ова е одлучено од општина Центар откако е поништено издаденото одобрение за изградба на објект за комерцијални и деловни намени во центарот на градот.
Надлежните констатирале, дека инвеститорот ги надминал двете години – рок во кој требал да почне да го гради објектот според законските прописи.
Според идејното решение , кое го обезбеди тогашниот министер за транспорт и врски, без да го објави авторот, зградата, во чиј склоп ќе бидат и скалите требаше да биде висока 16 метри, односно приземје плус 3 ката.
За изградба на барокната зграда инвеститорот беше ослободен од комуналии од тогашното мнозинство во Советот на Град Скопје.