
Општина Тетово ниту презема мерки против аерозагадувањето, ниту пак сака да разговара за оваа тема
Втор месец по почетокот на сезоната на загаден воздух, Општина Тетово ниту презема мерки против аерозагадувањето, ниту пак сака за оваа тема да разговара со еколошките организации и медиуми.
Од невладината „Мајка и Дете“, велат дека градските власти додека работеше Југохром се правдаа дека тие немаат ингеренции да го спречат загадувањето од комбинатот. Но, сега кога ги имаат сите надлежности кон загадувачите како индустриските капацитети, сообраќајот и урбанизмот, општината стои со скрстени раце, и избегнува било каква соработка и комуникација со јавноста
Одговорност за аерозагадувањето во градот според невладината, треба да се бара кај локалната самоуправа, па потоа кај другите.
Дел од здруженијата се обидуваат преку поставување на информативни еколошки табли во градот да ја разбудат општината, за конечно да започне да се грижи за животната средина.
Од општинската органиација на партијата ДОМ, велат дека дека општината мора да покаже поголема соработка и да работи на екипирање и професионализација на своите служби.
Од локалната самоуправа како медиум не добивме одговор дали планира да преземе некакви мерки против аерозагадувањето. Но состојбата на терен зборува за игнорантскиот однос на властите кон загадениот воздух. Улиците и останата јавна површина не се мијат, во секое тетовско мало неконтролирано се гради, сообраќајот е во хаос, а дивите депонии никнуваат како печурки.
Зоран Димовски