Општина Куманово на кумановци им подели 15.000 маски

Со нови 25 заболени Куманово денеска има најголем број на позитивни од коронавирус во земјава. Вкупната бројка таму е 168 од кои 160 се во општина Куманово и осум во општина Липково. Меѓу новите позитивни на коронавирусот, како што изјави за Телма градоначаникот на Куманово, Максим Димитриевски, има најмалку едно медицинско лице. Општинскиот штаб денеска побара од Министерство за здравство и Комисија за заразни болести времено да се затвори Гинеколошко-акушерско одделение болницата во Куманово,  но и тестовите на здравствените лица од овој град да имаат приоритет при обработката. Димитриевски истовремено информира дека граѓаните на Куманово се се подисциплинирани во почитување на мерките за заштита од коронавируст, но и дека општината досега им поделила 15.000 маски, но и други заштитни средства.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ