Општина Босилово го раскина договорот со струмичката фабрика за масло поради непочитување на договорот за депонијата

Општина Босилово го раскина договорот со струмичката фабрика за масло откако жителите алармираа на социјалните мрежи, но и до локалната власт, дека навечер се истураат цистерни, а местото подоцна се пали поради што се гушат во неподнослив чад и миризба. Мештаните на Босилово велат дека забележале невообичаени ноќни активности на депонијата којашто е непосредно до селото, но се додека не почнале да се чувствуваат голема загаденост на воздухот не се посомневале што се случува.

Општината потврди дека на депонијата се фрлал отпад од струмичка рафинерија за масло, но договорот бил за неиндустриски отпад. Не знаат дали имало и штетен отпад, бидејќи за тоа требало да лабораториски анализи анализи, а такви истражувања не се правени на депонијата.

Депонијата што ја користи општина Босилово е речиси максимално исполнета и мораат да размислуваат за ново решение, но засега не располагале со соодветна парцела за таа намена. Таа се наоѓа во непосредна близина на селото и е среде плодното обработливо земјиште.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ