Опремата за жолти комбиња не се користи

Четворица на број, засилени со соработници, пратениците од надзорната комисија надлежна за следење на комуникации околу 3 часа се задржаа во премиерната надзорна посета на новоформираната агенција за национална безбедност. Иако УБК е расформирано, АНБ се уште не е преселено од истиот простор во МВР. Комисијата проверила како се користи мерката следење на комуникации. Имало и стари наредби преземени од УБК, имало и нови постапки, но имало и пропуст кој допрва ќе се расветлува.

Директорот на АНБ Виктор Димовски ги пречекал пратениците, но не излезе пред пратениците. Ќе почека да ги слушне изјавите на пратениците па доколку има потреба ќе даде свој став. Дали пропустот е сериозен или не ќе се знае откако комисијата ќе ги согледа сите факти. Од друга страна Димитриев тврди дека не се употребува онаа опрема преку која АНБ може самостојно да следи комуникациие, она што поради скандалот со прислушувањето доби име „жолти комбиња“.  

Димитриев не сакаше да ги коментира информациите за несоодветни и за партиски вработувања во новата АНБ затоа што е во надлежност на другата собраниска надзорна комисија.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2026 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ