
Опозициска „бомба“ од Прилеп
СДСМ врши злоупотреба на институциите и притисок врз администрацијата за изборни цели, тврди ВМРО-ДПМНЕ. Се работи за партиски активности надвор од работното време, возврати владеачката партија.
ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција емитуваше аудио снимка, за која тврди дека е пуштена на јутјуб. Се слуша како пред претседателските избори нововработени во Прилепската болница добиваат партиски задачи од шефот на партискиот огранок на СДСМ и од министерот Сугарески.
ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Сугарески и од целата Влада и предвремени избори.
Талевски и Сугарески не прават никаква злоупотреба. Не бараат незаконски активности од своите сопартијци, не станува збор за уцени, закани или условувања со работно место, реагираше СДСМ.
За Талески, ова е очајнички обид за дефокусирање на јавноста од аферите во кои е инволвиран Христијан Мицкоски како продолжена рака на Груевски, а објавената аудио-снимка покажува што значи одделување на партијата од државата.
Соња Николовска