Опозицијата тврди дека Извештајот на ЕК е позитивен само за да се смени името

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Извештајот на Европската Комисија за Македонија е позитивен само за да може власта го смени името. Прашаа но не добија одговор дали со потпишувањето на договорот со Грција нашата држава на самитот на ЕУ на 28 јуни ќе добие датум за отпочнување преговори и ако не го добие, кој ќе ја сноси одговорноста.

Потпретседателот на Собранието Горан Мисовски ги повика да се однесуваат конструктивно и да бидат внимателни во дебатите затоа што Македонија нема сценарио „Б“.

Вицепремиерот Бујар Османи вели дека е направен голем напредок на државата со реализицијата на планот 3-6-9. Исполнети се сите обврски а како беспредметна ја оцени дебатата за ова прашање.

Расправата за извештајот се претвори во реплики и контрареплики на пратениците кој повеќе направил и изградил и во чиј мандат се направени поголеми реформи.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ