Опозицијата со остри критики за говорот на претседателот Пендардовски

Опозицијата со остри критики за говорот на претседателот Пендардовски. ВМРО ДПМНЕ изрази разочарување што во обраќањето Пендаровски  наместо да градел мостови тој се уште не бил излезен од партискиот дрес.

Празни зборови, немање визија ниту отчет за сработеното во седуммесечниот мандат, се само дел од забелешките на најголемата опозициска партија.

СДСМ го тврди спротивното. После 10 години од обраќањето на поранешниот Претседател Иванов, денеска пратениците биле сведоци на говор на натпартиски претседател.

Партиите на Албанците побараа поголема заложба на Пендаровски за имплементација на Законот за употреба на јазиците и етничката застапеност во институциите.

Беса Очекувањата се дека во наредниот период престедателот Пендаровски ќе ги исполни ветувањата кои денеска ги даде.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ