Опозицијата сака да учествува во изборот на наследникот на Јанева, Дескоска вели промовираат неказнивост со сталинистички закон

Која сака да го контролира а кој да го блокира обвинителството се обвинуваат власта и опозицијата. Ова е една од точките за кои запнаа разговорите за законот за јавно обивнителство уште на втората средба.
Наследникот на Катица Јанева да се бира со учество на опозицијата а на обвинителите од СЈО да не им се продолжува мандатот и во новото обивнителство за висока корупција, поради сомнеж дека се инволвирани во случајот Рекет .
Ова го бара ВМРО-ДПМНЕ од каде обвинуваат дека власта не сака да ја изгуби контролата врз обвинителството.
За власта пак е неприфатливо опозицијата да го бира обвинителот кој ке ги води предметите на СЈО во кои се обвинети токму фунцкионери на оваа партија и се сомнева дека опозицијата сака да ги застари актуелните предмети на СЈО и да го блокира обивнителството .
Нашиот предлог е изборот на човекот што ќе го води обвинителството за висока корупција да биде избор што освен совет на јавни обвинители ќе ја вклучува и комисијата за избори и именување во собрнаие и ќе ја вклучува опозицијата при предлагање на соодветни кадри со однапред усогласени критериуми со власта, вели пратeникот од ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошоски.
-За жал одредени решенија коишто многу лесно го карактеризираат нивниот закон како ретрограден и сталинистички, беа позициите на коишто тие останаа во текот на денешните разговори. Според барањето на ВМРО-ДПМНЕ, треба да дојде до целосно демонтирање на СЈО, но за жал и на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, вели министерката за правда Рената Десковска
Клучна разлика остануваат и предметите на СЈО особено истрагите отворени по 30 јули 2017.
Опозицијата бара предметите на СЈО да не одат автоматски во новото обвинителство туку кај државниот обвинител кој ке ги распсоредува, Десковска вели не смее да се дозволи неказнивост со тоа што законски ќе згаснат предмети на СЈО.
-Гледајќи ги разликите, се надевам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се преиспита во своите ставови и ќе ги стави интересите за евроинтеграција на нашата земја и на граѓаните пред личните интереси на лицата од нивната партија за коишто се водат постапки под надлежните судови, рече Дескоска
Милошоски пак тврди дека пречка во преговорите не се предметите на СЈО мегу кои и Талир 2 за белата палата на ВМРО ДПМНЕ, обвинение кое вчера беше потврдено да судот , туку пробледмот го гледа во случајот Рекет и шефицата на организиран криминал Вилма Рускоска за која не прифакаат да остане на чело на новото споено обвинителство
-Очигледно власта не сака да се откаже од Вилма Рускоска која им е потребна да служи не како не обвинител туку адвокат на многу лица за кои постои сомнеж дека се дел од скандалот Рекет а кои се високи функционери од власта, рече Милошоски.
Преговорите на работните групи за законот за јавно обвинителство продолжуваат по 15 август.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ