Опозицијата повторно обвинува за наместен тендер, овојпат во Централен регистар

Опозицијата повторно обвинува за наместен тендер. Овојпат на удар се најде Централниот регистар, на чиј јавен повик за набавка на службени возила, во вредност од 140 илјади евра победила кумановска фирма, за која од ВМРО ДПМНЕ тврдат дека е донатор на СДСМ.  Обвинуваат и дека,  фирмата Делукс – Ауто, е фаворит на јавните набавки за државни институции и покрај тоа што не се увозници, туку само дистрибутери на возила.

Директорката на Централен регистар негира дека оваа фирма е фаворизирана. Вели дека, на тендерот, распишан во мај годинава за набавка на 10 лесни и 1 товарно моторно возило за потребите на институцијата која во моментов користи возила постари од 20 години, конкурирале повеќе економски оператори, но само два од нив имале задоволителни критериуми од техничката спецификација. За нив е закажана електронска аукција со негативно наддавање преку ЕСЈН, по што е избрана најповолната понуда.

За спроведување на тендерската постапка, од Централен регистар информираат и дека е формирана и соодветна комисија, согласно сите законски прописи за јавни набавки.

 

Далиборка Дамјанска Цветановска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ