Опозицијата објави два случаи на непотизам, власта им порача да си ги повлечат своите

Пратеничките Ременски и Шуманска вработиле свои блиски во државни институции, обвинува опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ денеска објави два нови случаи од епидемијата, како што велат, на непозтизам, а срамот од тоа власта, која уште што не си ги вработиула миленичињата, нема да може да го покрие ниту со прогонот и заканите што се вршеле врз нивни членови.

Пратеничката од СДСМ Фросина Ременски веројатно лажно ќе моралчизира, но да одговори дали го вработиче во ЕЛЕМ својот кум и внук, Зоран Ременски. Второ е брат на пратеничката Славица Митева-Шуманска од Виница, вработен во Царина во Штип, на први февруари, веднаш по гласање на уставни измени, вели Димче Арсовски, ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата и вчера укажа на три случаи – пратеникот од СДСМ од Кочани, Сашко Костов, чија сопруга се вработила во детска градинка, претседателот на Советот на општина Кочани, Томе Солевски, неговата животна соптаичка нашла место во Државното станбено. Како трет сомнителен случај е поранешниот пратеник на СДСМ од Кочани, Миле Андонов, чиј син се вработил во УЈП во Кочани.

Министерот Манчевски, пак, денеска во обид да го возврати ударот. Вели дека проблемот може ургентно да се реши само ако од своите работни места веднаш се повлечат роднините на функционерите од власта, но и оние илјадници кои своевремено биле примени од тогашната власт, а сега опозиција. Тој ги повика медиумите да ја следат состојбата, бидејќи верува оти денеска, но и во утрешниот ден ќе следуваат нови повлекувања, но до подготовката на овој прилог немаше таков случај. Според министерот, сите податоци и за едните и за другите веќе се доставени до Антикорупциска. На прашањето зошто барањето да се расчисти со непотизмот на претходната власт не беше поставено во изминативе година и половина, Манчевски вели дека тие како опозиција постојано алармирале. Ова е списокот на само дел од случаите на непотизам на претходната власт.

Ајде да се потсетиме дека ние во јавноста години наназад реагиравме и дававме информации за блиски луѓе и роднини на сегашната опозиција а тогашна власт, да бидам искрен јавноста не беше толку гласна и немаше рфеакција од тогашните функционери. Се надевам ДКСК ќе ги види сите наши јавни настапи, ако треба ние пак ќе им дадеме податоци и се надевам ќе преземат чекори за сите подеднакво, вели Дамјан Манчевски, министер за администрација.
Најави дека ќе се менуваат законите за да се избираат квалитетни раководители во државните институции, за тие да бидат отпорни на партиски притисоци.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, без конкретен одговор дали ќе ги повлечат своите вработувања, само потсетуваат дека СДСМ е на власт веќе две години.

Антикорупционерите велат дека ги истражуваат 18 те преземени предмети за сегашната власт, доставени се барања за податоци од сите институции, но нема да кажат ништо се додека тие не завршат, најдоцна за два месеци. Ако има сознанија за непотизам, ќе се покренат постапки пред надлежните органи. За оние што се повлекле, не значи дека процесите за нив се завршени, тоа е чин на морална одговорност. Ќе се испитуваат и ретроактивно вработувањата од претходната власт, особено од 2015, кога се донесеи законите за административни службеници и за вработувања во јавниот сектор.

Од тука се гледа кога работите зазеле погрешен правец. Ако има и најмали сознанија, ќе се отворат процеси, па и пред 2015, вели Шемши Салаи, член на ДКСК.

Досега се повлекоа само роднини на пратениците Костадинов, Мисовски и Кирацоски, а министрите Бектеши и Николовски рекоа дека не влијаеле на вработувањата на нивните блиски, па нема да влијаат и да си дадат откази. Не се слушна ни за оставки на синот на пратеничката Мира Стојчевска, вработен во ЕЛЕМ и ќерката на Талат Џафери, кои се меѓу 18 те вработувања на кои работат антикорупционерите. Дел од нив се пратеникот Рамчиловиќ, чија сопруга се вработила во МВР, каде е и синот на пратеничката Ѓеорѓиева. Се истражува и за сестрата на министерот за култура, како и за синот на Тахир Хани, заменик генераен секретар на Владата.

Нина Нинеска-Фиданоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ