Опозицијата ќе ги поднесе забелешките на законот за јавно обвинителство

Работната група на опозицијата денеска треба до владината работна група да ги поднесе своите амандмани на предлог законот за јавно обвинителство со кој се решава и статусот на специјалното јавното обвинителство.

Тони Менкиновски, кој ја предводи групата на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека имаат забелешки на 120 страници, но оти има простор за договор.

Утре е закажана нова средба на која ќе се разговара за разликите по ова прашање меѓу владата и опозицијата.

Премиерот Заев прашан дали е подготвен да прифати смена на Катица Јанева, вели „апсолутно не, бидејќи со тоа би се испратила лоша порака до оние кои „опстоиле, пркоселе, верувајќи во државата, во системот, во уставот и законите, во тешко време“.

Министерката за правда Рената Дескоска, која ја предводи работната група на власта, по средбата рече дека за нив е неприфатливо барањето СЈО да биде дел од обвинителството за организиран криминал, ниту прекинувањето на истрагите и обвиненијата.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ