Опозицијата го напушти процесот на селекција на кадри за новата тајна служба

Беа 5 плус 2 останаа без еден пратеник, и тоа од опозицијата. Трајче Димков од ВМРО-ДПМНЕ си поднесе оставка од комисијата за слекеција каде беше набљудувач без право на глас.

Преку писмо до Заев го известува дека изборот на кадри кои од расформираната УБК ќе преминат во новата тајна служба АНБ бил компромитиран од почеток и се базирал на субјективни па дури и политички критериуми, наместо по слово на законот.

-Не се реализираше тестот за интегритет кој требаше да се спроведе соогласно законот за АНБ, ниту се постапи согласно информацијата на Државната комисија за спречување корупција во однос на судир на интереси при вработувањето. Исто така од неразјаснети причини не се реализираше ниту предвиденото полиграфско тестирање. Клучен момент при селекцијата беше и оценувањето на вработените од страна на нивните претпоставени. Тука беше спорен и кредибилитетот на оценувачите и нејасните критериуми за оценување. – изјави пратеникот Трајче Димков.   

Димков селекцијата ја нарече фарса и бара нова. Тврди дека своето несогласување го изразувал и на комисијата иако неколку комисиски членови ни тврдат дека немало такви наводи.

Мирот во новата тајна служба АНБ го поматија новинарите кои открија дека има многу вработени со политичка заднина од трите најголеми парламентарни партии и дека има и некои со кривични пријави.

Потоа се јави и опозицијата, но селекцијата уште минатата недела заврши и списокот е потпишан. Министерот за внатрешни Спасовски не коментира за обвинувањата за начинот како се одвивала селекцијата. –

Меѓу вработените во новата тајна служба е и свиркачот кој беше суден во Пуч Звонко Костовски, потврди Спасовски но не прецизираше дали за работа во МВР или АНБ конкурирале бегалците од 5-тата Управа Горан Грујовски и Никола Бошкоски како и останатите обвинети во Тврдина Таргет.

Сите кои не конкурирале се префрлаат во МВР, додека оние кои конкурирале, а се прогласени за лица со безбедносен ризик ќе мора да се вработат во државно но надвор од МВР.

Во старата УБК имало 50-тина, односно поранешната тајна служба во свои редови имала над 7 проценти вработени кои се безбедносно ризични, а се грижеле за безбедноста на државата.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ