
Опожарените возила секојдневие во Тетово
Низ улиците во Тетово секој ден може да се забележат како се гасат опожарени возила, кај кои избувнале пламените јазици додека биле управувани.
За изминатите десет дена тетовските пожарникари интервенирале врз десет возила. Неколку од нив се целосно изгорени и завршиле во отпад. Никој од возачите и патниците не се здобил со повреди.
Од тетовската противпожарна единица, велат дека на високи температури мал технички проблем на возилото, може да предизвика пожар. Апелираат граѓаните да ги проверуваат возилата пред да седнат зад волан, и да бидат присебни во случај да им се запали автомобилот
Професионалните возачи велат дека граѓаните се почесто возат автомобили, чија инсталација но и кабли каде поминува горивото имаат поминат рок. Ваквиот потрошен материјал на повисоки температури ги предизвикува пожарите во возилата додека се движат.
Тој додава дека голем број од возилата кое се увезени од странство се подложни на запалување, затоа што голем дел од нив се со неусправна инсталација, а нивните сопственици ретко ја проверуваат.
Дополнително според него неатестираните плински уреди кои самоволно без никакви стандарди се поставуваат во возилата во повеќе случаи ги предизвикуваат пожарите.
Со оваа проблематика вели полицијата треба повеќе да се занимава и да врши поредовна контрола на автомобилите, со цел намалување на ваквите случаи каде досега е предизвикува голема материјална штета за среќа без повредени и човечки жртви.
Зоран Димовски