
Опожарени возилата на братот и таткото на поранешната пратеничка на СДСМ, Маринела Тушева
Мирис на изгорено, остатоци од трите јагленосани возила е сликата по силната експлозија која утринава по пет часот силно одекнала меѓу станбените згради на паркингот на улицата Борис Крајгер во штипската населба Сењак.
Две од возилата кои биле паркирани на спротивни страни се на Никола и Мите Тушеви, брат и татко на поранешната пратеничка на СДСМ Маринела Тушева. Соседите кои утринава ги виделе високите пламени јазици велат дека глетката била застрашувачка, опасност имало и да се запали и еден од становите, за што сведочи и стопената ролетна на овој прозорец.
Поранешниот претседател на Општинската организација на СДСМ во Штип, Никола Тушев не сакаше да говори пред камера, ќе ги почека резултатите од истрагата, но не го исклучува политичкиот мотив.
Покрај возилата пронајдени се хебли, со кои се скршени задните стакла, по што се уфрлени молотиви коктели во возилата на Тушеви, остантите три возила, од кои едно е целосно, а две се делумно оштетени се колатерална штета. Пожарникарите пожарот го изгаснале во шест и 30 часот.
Сметаат дека ако брзо не реагирале имало опасност и за поголеми штети.
Од почетокот на годината па досега во Штип се опожарени 19 возила. Најголем дел од случаите во оваа населба, дел се слуќајни опожарувања, но за неколку случаи се под сомнение дека се дело од пиромани. На истокот не е првпат да горат автомобили на актуелни и поранешни функционери, лани беше запален автомобилот на пратеничка на СДСМ во Виница.
Викторија Јованова