Опасни експлозивни горива дислоцирани од Новоселски пат- 3 тони експлозивни материјали деценија и пол чекаа интервенција на државата

Последните пакувања ракетно гориво се ставаа во големи дрвени сандаци во складот на Новоселски пат. Пиротехничари на АРМ го подготвуваа транспортот на експлозивното гориво и на хемиски реагенси кои повеќе од 15 години стоеле во магацините на Макпетрол, а останале таму по стечајот на компанијата Темко.

Вкупно околу 3 тони експозивно гориво биле со години чувани во магацините иако престанало производтсво на градобијни ракети. Најголем дел од опасниот материјал веќе е префрлен и испразнети се магацините. Последниот транспорт се подготвува за денеска. Целата операција за отстранување на отпадот требаше да чини околу 2 милиони евра.

Но генералниот секретаријат на владата успеа да најде фирма од странство која ќе го изнесе материјалот од Македонија и на територија во странство ќе го рециклира. Фирмата која ќе го преземе товарот ќе плати за негова употреба поради што државта нема да има никакви  трошоци за отсранување на ракетното гориво и на хемиските материјали и наместо 2 милиони евра ќе добие дополнителни средства.

Материјалите цело време биле складирани во посебни простории и во безбедносно предвидени услови, но бидејќи не се користеле со години претставувале опасност за околината. Магацините не можеле да се користат, но сега се ослободени, а избегната е опасност од штетните последици доколку се уништени во државата.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ