Опаѓа криумчарењето на мигранти

Трикратно е зголемено спречувањето на криучарење мигранти. Министерот за внатрешни, Оливер Спасовски, кој заедно со вицепремиерот Бујар Османи, денеска беа на граничниот премин богородица, рекоа дека националната единица за спречување на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, веќе има резултати.

Има се поголем број на случаи кога е спречено криумчарење мигранти, и разбиени се криумчарски групи. Повеќе од еден милион луѓе, транзитирале низ македонија, што за владата е показател со колку сериозен предизвик се соочува земјата.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ