Опаѓа бројот на тестирања за Ковид 19, лажна статистика за заболени или реалност дека заминува кризата?

Рекорден број на тестирања 728 објави министерот Венко Филипче на 25 април. И веднаш по тоа тестирањата се преполовија. Телма направи анализа што се случувало во изминативе десет дена и како се движел бројот на тестирања и дали се оправдани критиките дека и матичните и центрите за јавно здравје се помалку дозволуваат граѓаните да докажат дека се позитивни на Ковид 19.

Ако се погледне оваа табела на изведени тестирања во минатите 10 денови може да се забележи дека до 25 ти се изведувале од 408 па се до 728 тестови. По ова наеднаш кривата на тестирања опаѓа односно тестирањата се преполовени па се движи помеѓу 386 и вчерашниот минимум од 199. Интересно е тоа што со оваа состојба речиси и да се совпаѓа датумот кога е испратено ова писмо од Институтот за јавно здравје а кое вчера го објави слободен печат. Потпишано е од директорот на институтот шабан мемети, испратено до центрите за јавно здравје, а во него е посочено да се тестираат строго само оние кои исполнуваат алгориттам за тестирање. Директорот за Телма вели дека со ова не се забранува тестирање туку се спречуваат злоупотреби.

  • Беа констатирани неколку злоупотреби со тестирањата и токму порад итоа е испратено ова писмо. Со него се разбира дека не се забранува граѓаните да се тестираат, но е истакнат алгоритмот кој треба да се исполни за да се дојде до тестирање. Сепак се уште не е започнат целосен скрининг на населението за да може и оние кои не ги исполнуваат условите да бидат тестирани, Шабан Мемети – Директор на институт за јавно здравје. 

Телма дознава дека и матичните лекари добиле слични насоки но и тие велат дека за да се спречат злоупотреби со тестовите. Од друга страна  ако се погледне табелата токму од овој период односно од последната недела на април нагло се зголемува и бројот на излечени. На 26 април се рекордни 126 мина оздравени, а во останатите денови бројот се движи меѓу 19 и 111. Вкупниот број на излечени во овие последни десет денови заклучно со вчера се 580, а за нив биле потребни минимум два негативни тестови бидејќи критериумот е таков.  За нив се потрошени минимум 1 160 тестирања. Во последните 10 денови пак се изведени вкупно 3997 тестирања, или речиси една третина се за оздравените. Министерот Венко Филипче ваквите бројќи ги правда дека се помалку луѓе имаат симптоми па за тоа и не се тестираат.

Инаку до денеска воземјава се изработени 17 246 тестирања. Сепак министерството за здравство до сега не изработи статистика за тоа колку луѓе се тестирани,  туку само го истакнува бројот на тестови, а во неколку наврати министерот истакна дека меѓу нив нема голема разлика.

 

Билјана Николовска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ