Омегата од „Монструм“ за прв пат ја видоа судиите, обвинетите и јавноста

Бојата избледена од времеснките непогоди, 6 години подоцна клучниот доказ во „Монструм“ Опел Омегата која до сега беше само доказ на слика, ја видоа љубопитните очи на обвинетите, судиите, обвинителите, роднините и новинарите. Неазштитена, мегу десетици стари возила во депо на Агенцијата за конфискуван имот, кое дел од вработените го нарекуваат гробница за автомобили, Омегата беше центарот на вниманието, сите гледаа, сликаа, поставуваа прашања.

За да може убаво да се направи убвидот еден од вработените ја сечеше обраснатата трева околу Опелот. Отворен беше само багажникот. За останатите врати клуч нема, а регисатрските таблички биле внатре во возилото.

Обвинителката Фатиме Фетаи констатираше дека автомобилот има задни седишта и калници, она што одбраната го оспоруваше во првичниот процес а поради што да се дозволи увид напиша и Врховниот суд  во пресудата со кој „Монструм“ беше вратен на почеток.

Адвокатите бараа да го видат и бројот на шасијата. За да се отргне и тој сомнеж судијата Огнен Ставрев повика крим техника од МВР да го отври возилото. Со алат ги отворија вратите и се потврди дека серискиот број на возилото е истиот. Во задниот дел имало две монети и празна торба. Роднините на жртвите не беа присутни но целиот увид го следеше нивната адвокатка. Вели се расчистија спорните прашања, станува збор за истото возило.

Одбраната има нови дилеми и сомнежи откако го виде возилото и прашува каде било возилото со месеци, пред да биде однесено на ова место.

Неколку дена по петкратното убиство кај Смиљковското езеро МВР соопшти дека ја пронашле црвената Омега во месноста Вражји Вир на пат кон Косово. Според обвинението на задното седиште  била најдена ДНК од обвинетиот Алил Демири поради што овој автомобил е клучен доказ на обвинението а одбраната го оспорува. Тие бараа и да ја видат и на првото судење, но тогаш не им беше дозволено.

Елена Ивановска Мукоска

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ