Омбудсман: Третманот на Боки 13 во притворот е на задовилително ниво

Сместувањето и  третманот на Боки 13 во притворското одделение се на задовилително ниво, констатирал Народниот правобранител за време на увидот во целокупната докумнетација во затворот во Шуто Оризари.

Недостатоци нема ниту во евиденцијата на лекарските прегледи на Бојан Јовановски, утврдил Државниот санитарен и здравствен инспекторат за време на   вонредениот инспекциски надзор во ординацијата, која се наоѓа во рамки на Затворот.

Од извршениот увид во медицинската документација, притворениот Боки 13, прв пат лекарска помош побарал на 16 јули, веднаш бил предгледан и му била препишана терапија.

Оттогаш, па до 13 ноември евидентирани се вкупно 25 прегледи, на кои се издавани специјалистички и болнички упати до јавните здравствени установи. Упатите биле давани со претходно медицинско известување до надлежниот суд за добивање на согласност за понатамошно лекување. Во дел од случаите јовановски бил испраќан со Итна медицинска помош.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ