Омбудсман со критики за обвинителстово околу случајот Алмир

Разочаран и посрамен, со овие два збора народниот правобранител Иџет Мемети ја коментира одлуката за преквалификација на обвинителството за случајот Алмир, од убиство во тешки дела против безбедноста во соoбраќајот.

Од канцеларијата на омбудсманот постојано го следат судскиот процес за смртта на 4-годишниот малиот Алмир Алиу кој настрада во јуни 2016-та во Куманово по расправија почната во здравствениот дом.

Обвинителството првин го водеше случајот како убиство, а потоа откако со задоцнување стигнаа психијатриското вештачење за обвинетиот Бобан Илиќ и вештачењето за возилото со кое е извршено делото, почна постапка која заврши со преквалификација. Мемети вели дека државниот обвинител мора да се потруди со овој случај за да се врати довербата во правосудниот систем.

Обвинителството и натаму останува на ставот дека Алмир е жртва на сообраќајно кривично дело, а не на убиство со автомобил. Судењето ќе продолжи во април, а во вторникот пред владата имаше протести против одлуката на обвинителството.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ