Оливер Спасовски помалку верува во Катица Јанева

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека му се намалила довербата во Специјалното јавно обвинителство. Верувал повеќе кога се борел и залагал таа институција да се формира и избере обвинителката Катица Јанева. Прашан на што се должи неговиот пад во довербата одговри дека тоа се последните случувања со обвинителството и бегството на Груевски.

„Во институцијата СЈО верувам помалку од колку што верувам кога правев лични напори да се формира. Намалената доверба се должи на последните случувања со притворите на дел од осомничените, но и небарањето притвор и бегството на Никола Груевски“.

Спасовски се соочи со новинарите на новогодишниот појадок, но успеа да ги избегне одговорите до каде е истрагата со бегството на Груевски. Наместо одговори тој врати со прашања како инстуциите не реагирале кога Груевски за 2 дена извлекол 230 илјади евра од банкарсктие сметки, и зошто 3 дена од добивањето на упатниот акт за издржувањето на затворската казна никој не го информирал министерството.

„Министерството не може да направи нешто ако не побара никој. Нас никој не не информирал дека во два дена се извадени 230 илјади евра. Ќе се повлечам од функцијата, но не би дозволил да се следат луѓе надвор од закон и процедура.“

Уверен е дека ќе се дознае вистината за како што вели лошите проценки во процесот на Груевски, но остава прво патот на Груевски до Будимпешта да го расветли надлежното јавно обвинителство. Загрижен е и за пуштањето во куќен притвор на дел од осомничените во предметот на СЈО, „Империја“. Доколку се повтори бегство не може да биде виновна полицијата, бидејќи таа од судот добила задача еднаш деневно да прави проверка дали осомничените се во нивните домови, и тоа е се.

Останува посветен на барањето за ветинг во МВР, но потребно е закон во собранието за да може да се прочисти полицијата од корумпирани поединци. На вработените им вети нова зграда на Кримтехника, нови возила во 6-тата управа, а до лето и успешно одвојување на УБК од МВР и целосна контрола без злоупотреби на прецосот на прислушување.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ