Оливер Спасовски ќе биде технички премиер во преодната влада

Централниот и Извршниот одбор на СДСМ вечерва на одделни седници одлучија министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски да биде технички премиер во преодната влада од 3 јануари 2020 до формирањето на новата влада по изборите во април.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ќе биде вицепремиер за економски прашања, на местото на Кочо Анѓушев.

Изборот за технички премиер официјално го соопшти претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев по седницата на ЦО, на која и претходеше и седница на Извршниот одбор на партијата.

Избрани се и двајца дополнителни заменици министри во преодната влада – Славјанка Петровска во МВР и Санела Шкријејљ – во МТСП.

Заев рече дека одлуките за четирите кадровски решенија биле  едногласни на седниците на двата партиски одбора.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ