
ОКТА ќе ги почитува регулативите и можната измена на акцизите
„Измената на акцизата е во рацете на носителите на политики и ОКТА во целост ги почитува донесените регулативи. Генерално би поддржале мерки насочени кон намалување на потенцијалот за недозволена трговија и за зголемување на стабилноста на пазарот.
ОКТА, како најголем увозник на нафтени деривати во државата, би била многу среќна да го користи продуктоводот Солун – Скопје за снабдување со дизел, доколку се создадат услови за тоа.
Пуштањето во употреба на овој значаен капацитет би имало повеќе позитивни придобивки за домашната економија и за општеството.
Прво, ќе се зголеми сигурноста на снабдувањето со горива на домашниот пазар. Дополнително, преносот на нафтени деривати преку продуктовод ја зголемува безбедноста во патниот превоз преку намалување на ризиците во сообраќајот и ризиците за животната средина.
Во крајна линија, употребата на продуктоводот ќе придонесе во напорите за справување со вирусот SARS-CoV-2, а со тоа и кон заштита на јавното здравје, бидејќи ќе се намали потребата од прекугранично движење на луѓе, како и создавање застои.“