
Околу час и половина срцата на сите чукаа само во ритамот на песната Прауд
Тамара Тодевска најголем дел од евровизиската вечер беше на врвот на табелата. Специјалните жирија на Австрија, Велика Британија, Албанија, Молдавија, Србија и Швајцарија и ја доделија највисоката оценка на претставничката на Македонија. Еуфорија и позитивни рекации од сите страни „Северна Македонија беше големото изненадување на Евровизија“ пишуваат денеска грчките медиуми. Тамара Тодевска и нејзиниот тим авторите на песната „Proud“ Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, текстописците Коста Петров и Сања Поповска ја направија горда Македонија.
- Всушност јас имам срцев удар.
- О Господи, не не немој. Навистина како се чувствувате?
- Ова е восхитувачко јас сум многу горда, јас ја направив горда мојата земја, моите луѓе. Навистина ве сакам, благодарам што гласавте, ве сакам, ве сакам, ве сакам!
Околу час и половина срцата на сите чукаа само во ритамот на песната Прауд. Но гласањето се уште не беше завршено.
- Број 3 Азербејџан со 103 поени. Број 2 Шведска со 113 поени. На врвот е Тамара од Северна Македонија со 135 поени. Ова е состојба после гласањето на 22 од жиријата.
- Тоа е финално.
- Има уште жирија и гласањето на јавноста. Се може да се промени.
И навистина се се промени Тодевска гласањето на жирито го заврши на второто место со 237 поени, зад Шведска со 239 бодови, а на крајот по гласањето на публиката се пласираше на осмото место. За квалитетот на нумерата говори и фактот што на втората полуфинална вечер песната Горда беше втора веднаш зад Холандија.
Време е да се преиспита начинот на гласање на „Евровизија, за мене вечерва победи Тамара, напиша Жељко Јоксимовиќ на Твитер, кој и како пејач и како композитор неколку пати бил дел од евровизиското натпреварување како претставник на Србија.
„Македонија е мојот фаворит“,светски познатиот музичар Бој Џорџ напиша на твитер.
Хуманистката и активистка Мерсиха Смоиловиќ е на ставот: Песната #Proud е повеќе од песна! Цел концепт е! Горди на својата инклузивност, солидарност, мултикултурализам, женственост, разноликост… Ова е победничкиот концепт кој милиони луѓе широм светот го видоа и поздравија!
Текстописецот Коста Петров вели за Телма вели и одржавме лекција на Европа како се гради концепт.
И Заев и Мицковски во истовреме со свои позитивни реакции. И власта и опозицијата горди на Евровизија. Скапоцени се овие моменти на единство кои ни ги донесовте преку музиката. Одамна не сме биле олку горди!, напиша Заев на Фејсбук. Македонија вечна, беше реакцијата на неговиот политички ривал.
Ова е најдобар пласман на земјава откако учествува на Евровизија од 1998 година. Претходно, најдобар пласман земјава освои во 2006 кога се пласираше на 12-то место со претставничката Елена Ристеска со „Нинанајна“.
Билјана Ставрова