Околу 25.000 Скопјани сами ќе си ги плаќаат калориметрите, преку сметката за парно

За десетина дена ќе се знае колку ќе чинат калориметрите за мерење на потрошената топлинска енергија кои скопјани ќе треба сами да си ги плаќаат. Регулаторна чека понуда од БЕГ по која цена може да ги набави, за потоа да им ги наплати на граѓаните преку сметките за парно, но на повеќе рати. Ова ќе важи за 22.000 до 25.000 домаќинства кои имаат хоризонтален систем за парно греење, а за зградите со вертикален систем калориметрите не се исплатлива инвестиција.

„Доколку е тоа економски оправдано ние ќе предложиме да тие калориметри прибидејќи соглансо законот за енергетика се во сопственост на потрошувачите да ги откупи БЕГ или операторот на дистрибутивниот систем кој и да е тој трошок понатака да се префрли ко потрошувачите но да се подели на повеќе рати на пример од 12 до 24 рати.“- изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Набавката на калориметрите не е законска обврска на граѓаните. Но, Бислимовски смета дека ако не жалат пари за купување на мобилни телефони на рати нема да биде проблем да си ги покријат и трошоците за калориметри, бидејќи така  ќе си ги намалат сметките за парно.

„Јас не верувам дека тоа ќе биде до април, тоа треба и набавка да се направи, да имаме точен увид колку се цените, па да почнеме да разговараме. Ќе треба да се вклучат и заедниците на станари да кажат дали се станарите заинтересирани и ние сакаме да се обидеме д имаме една вин – вин ситуација“. – вели Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Регулаторна веќе испрати до Министерството за транспорт и предлогот за измени во Законот за градење со кои инвеститорите на нови згради нема да добијат одобрение за градба, доколку не наведат на што ќе се греат.

Александра Филиповска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ