
ОЈО сослушува очевидци на нерсеќата кај Ласкарци
Како се движел автобусот на Дурмо турс, што му претходело на превртувањето, како реагирал возачот, очевидци кои возеле зад автобусот пред кобната несреќа, но и дел од патниците со полесни повреди се првите кои во скопското обвинителство ќе раскажат што виделе и што преживеале на 13-ти февруари. Деновиве ќе биде сослушан и возачот кој при првичните искази за полицијата и обвлинителот не дал релевантни податоци.
Обвинителите чекаат Дурмо турс да ја испратил документацијата поврзана со дозволите, одржувањето на возилата, бројот на патници и продадени карти. Клучно за истрагата ќе биде и вештачењето на машинските и сообраќајните ексеперти. Тие ќе треба да ги дадат одговорите за тоа како се случила сообраќајката, дали возилото било исправно, но и дали брзината била околу 80 км на час колку што покажувал тахографот.
За поголема координација и побрзо прибирање на доказите во скопското обвинителство денеска имало состанок на претставници од обвинителството, МВР, Судска медицина, Биро за судски вештачења, Машински факултет.
Од осигурителната компанија ги повика повредените и семејствата на настраданите да дојдат во Еуросиг и да направат барање. Во рок од 3 дена ќе им бидат исплатени 4.500 евра за починато лице, 2.200 за повреден патник, и до 9.000 евра за траен инвалидитет. Оттаму порачаа институциите што поскоро да ја расветлат сообраќајката и да утврдат вина, за да може да се активира и втората полиса за осигурување кон трето лице со која сите патници ќе можат да поделат сума од 675 илајди евра.
Има подзаконски акти кои не се оапфатени во законот, и тие пресметки ќе се прават со тие интерни акти, кој колку треба да добие според штетата којашто ја претрпел лично, или семејството. Овој случај ќе се третира групно, и надоместувањето ќе биде откако ќе се утврди вина од институциите, но сумата ќе биде лимитирана на 675.000 евра, вели сопственикот на Еуросиг Кадри Моринај.
Дурмиш Белули сопственикот на Дурмо турс ги осигурувал возилата, во фирмата во која тој е овластено лице Авто мото здружение Гостивар. Од МВР одговорија дека тоа е законски доколку станува збор за две различни правни лица, иако сопственикот е ист.
Елена Ивановска Мукоска