ОЈО: притвор за четири лица за злоупотреба на службена положба во општина Демир Капија

Притвор во траење од 30 дена за тројца осомничени за злоупотреба на службена положба во општина Демир Капија, а за четвртообвинетиот судот определил куќен притвор.

Првоосомничениот, потпомогнат од второ и трето осомничените и поттикнат од четвртоосомниченото лице во периодот од 2013 до 2017 година ја злоупотребил својата службена положба и овластување, на начин што со четвртоосомниченото лице склучил договор за продажба на објект – реконструирана стара училишна зграда и земјиште во сопственост на општина Демир Капија за износ десет пати помал од реалната пазарна цена.

При продажбата, како што стои во соопштението од ОЈО, не е земена предвид претходно инвестираната реконструкција на објектот со средства од договорот за грант од инструментот за претпристапна помош на ЕУ наменет за Република Македонија. На тој начин четвртоосомниченото лице се стекнало со противправна имотна корист на штета на буџетот на општина Демир Капија. Со преземените дејствија осомничените го оштетиле буџетот на Република Македонија во износ од над пет милиони денари и буџетот на општина Демир Капија во износ од речиси 10 и пол милиони денари.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ