ОЈО: Груевски, Јанакиески и Ристовски ги координирале протестите за упад во Собранието

Улогата на поранешните високи фнкционери на ВМРО ДПМНЕ, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски за време на организација за упадот во Собранието на 27 април, била да ги координираат општинските штабови, а лидерот Никола Груевски ги повикувал луѓето на протести, и ја ставил во функција целата политичка партија, рече денеска обвинителката Вилма Русковска која одржа прес конференција за истрагата која ја води за упадот во собранието.

Таа рече дека за се поседуваат материјални докази. Потврди дека на барањето за екстрадиција на Груевски ќе му биде додадено и ова кривично дело, исто како и на поранешниот вработен во УБК, Никола Бошковски, кој е во Грција.

Русковска рече дека и Груевски и Бошковски и останите тројца осомничени во овој случај, Миле Јанакиески, Трајко Вељаноски и Спиро Ристовски нема да можат да бараат аменстија, бидејќи законот за амнестија не важи за организаторите за се што е поврзано со крвавиот четврток. Таа истакна дека доколку не биле отворени вратите на собранието, крвавиот четврток немало ни да се случи.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ